Магазин

Сиднеј: Драјв-ин концерт во живо на паркинг

Пејачката-текстописец Кејси Донован настапи на сцената во Сиднеј во четвртокот, 21 мај, на бесплатен концерт кој ги израдува фановите со музика во живо, нешто што многумина немаа слушнато со месеци.

Но, тие мораа да останат во своите автомобили за да уживаат во концертот.

Драјв-ин концерти е нов тренд кој им овозможува на изведувачите да се поврзат со фановите во реалниот живот, а истовремено одржуваат безбедно физичко растојание во услови на пандемија на коронавирус.

Донован, која стекна слава откако го освои австралискиот „Идол“ пред повеќе од една деценија, настапи на голем паркинг со околу 40 возила.

„Ми недостасуваше музика во живо толку многу што ќе одам и ќе слушам на паркинг, во мојот автомобил. Конечно во живо пред мене. Добро е,“ рече еден од фановите пред да влезе на паркингот.

За да се обезбеди физичко растојание, на публиката не им било дозволено да ги напуштат своите автомобили, но можеле да се вклучат на FM на своите радија за да добијат звук со целосна висока резолуција или едноставно да ги спуштат прозорите и покрај дождот.

Наместо да аплаудираат или скандираат, фановите ги користеа автомобилските свирки.