October 26, 2021 21:01
Македонија

СЗПМ одбележа 75 години од основањето: Во изминатиот период постигната подобра здравствена заштита и зголемена соработка со локалната власт

Благосостојбата и сигурноста на пензионерите во земјава се приоритет за Владата и за Министерството со кое таа раководи, истакна министерката за труд и социјална политика во своето обраќање по повод одбележувањето 75 години од основањето на Сојузот на здруженија на пензионери.

-Во моментов во земјава има 324 илјади пензионери граѓани кои по придонесот за државата низ текот на својот работен век заслужуваат да имаат мирни и спокојни пензионериски денови и затоа грижата за нив е врвен приоритет за Владата, благодарение на вас и вашата пожртвуваност, денеска Република Северна Македонија е самостојна, просперитетна држава, членка на НАТО, меѓутоа и земја која храбро чекори на својот европски пат, порача Шахпаска.

Додаде дека пензискиот фонд и покрај пандемиската и економската криза предизвикана од коронавирусот е во стабилна состојба. А, пензиите, како и досега ќе продолжат со тековна редовна и навремена исплата.

На манифестацијата присуствуваше и премиерот Зоран Заев, тој порача дека пензискиот фонд е стабилен, со што пензиите ќе течат редовно и ќе растат согласно законот и најави дека до крајот на годината ќе се промени системот и методологијата за усогласувањето на пресметката на пензиите.

– Со тоа ќе го исполниме најголемото барање на сите наши пензионери, а тоа е да се вгради и критериумот раст на просечната плата, покрај растот на трошоците на живот, изјави Заев.

Со тоа, посочи тој, ќе имаме можност да направиме дисперзија и да гарантираме сигурен раст на пензиите и да се усогласиме со многу европски прогресивни земји.

Од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија истакнаа задоволство од постигнатите резултати, како што се заштитата на стекнатите права од пензискито и инавлидиско осигурување, подобрата здравствена заштита преку ослободување од партиципација за болничко лекување на пензионерите со пониски примања и зголемена соработка со локалната власт, како и широкото поле на соработка со црвениот крст.

-Посебно се импресивни резултатите во јубилејната 2021 година за кои ќе се потрудиме да не се заборават. Не може и не треба да се заборави дека Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија со одлука на Влада оваа година во месец јули, доби простори и цел спрат на трајно користење со што се создадоа подобри услови за работа во време кога Сојузот, заклучи Станка Трајкова, претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Од Сојузот сметаат дека Владата покажала сериозен однос кон пензионерите.

AniWatch: Letter Bee Reverse Specials anime episode 25 online free at https://aniwatch.pro anime websites

Website https://animedao.nl: Watch Joe vs Joe animedao Episode 6 assassination classroom animedao

4Anime: Doraemon the Movie: Nobita's Great Adventure in the South Seas anime episode Full online free at https://4anime.biz 4anime anime

KissAnime: Hanoka anime episode 12 online free at https://kissanime.mx kissanime down

Uid: http://uid.me/kissanimemx#

Anchor: https://anchor.fm/animefreakws