October 19, 2020 19:35
Свет

СЗО ѝ заблагодари на Русија за развојот на безбедната и ефикасна вакцина „спутник V“

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при научно-истражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа во фаза 3 на испитувања кај околу 2.000 луѓе во светот, пренесува „Спутник“.

„СЗО многу ги цени напорите што ги презеде Руската Федерација за развој на вакцина против Ковид-19, имено „спутник V“. Уште еднаш сакам да ѝ се заблагодарам на Русија за одличните напори да создаде безбедна и ефективна вакцина“, изјави регионалниот директор за Европа на СЗО, Ханс Клуге, по состанокот со рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко.

Тој исто така истакна дека Русија му помогнала да обезбеди помош за земјите од Централна Азија среде пандемијата и генерално ја покажала својата посветеност на глобалната солидарност.

Москва веќе има добиено барања за една милијарда дози вакцина од најмалку 20 земји, но властите посочија дека Русија мора прво да им се погрижи за своите граѓани.

Руското Министерство за здравство потврди дека лекот ги поминал сите потребни контроли и докажано е дека е способен да гради имунитет против вирусот најмалку две години.