September 20, 2021 23:07
Свет

СЗО предупреди на опасностите од електронските цигари и повика на строги регулативи

СЗО им препорачува на владите да преземат се што можат за да спречи непушачите да имаат пристап до електронска цигара, плашејќи се од повторно популаризирање на пушењето, особено кај младите.

„Електронските цигари и други слични производи се опасни за здравјето и нивната употреба треба да се регулира, со цел да се спречи ‘врбување’ на потенцијалните купувачи, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

– Никотинот предизвикува силна зависност, а електронските инхалатори за никотин се исто толку опасни, па нивната употреба треба да биде подобро регулирана, рече директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој во вторникот објави нов извештај за борба против пушењето, реализиран во соработка со „Блумберг Филантропис” (Bloomberg Philanthropies).

Во извештајот се наведува дека производителите на вакви производи, чиј асортиман продолжува да се шири, честопати се насочени кон деца и адолесценти кои ги привлекуваат илјадници различни вкусови (во извештајот се наведува дека има дури 16.000).
Мајкл Блумберг, милијардер и поранешен градоначалник на Њујорк, кој долго време се занимаваше со борба против пушењето, ги осуди тактиките на тутунските компании.
– Со оглед на забележаниот пад на продажбата на цигари, тутунските компании агресивно промовираат нови производи како што се електронски цигари или слични производи од тутун и лобираат кај владите, барајќи од нив да ги ограничат постојните регулативи. Нивната цел е едноставна: да придобијат нова генерација зависници од никотин, а ние тоа не можеме да им го дозволиме, рече Блумберг.
Затоа, шефот на СЗО смета дека во земјите каде овие производи не се забранети, „владите треба да донесат соодветни мерки за да го заштитат своето население од опасностите што ги носат електронските инхалатори за никотин и да се спречи нивната употреба кај деца, адолесценти и други здравствено осетливи групи.
Според извештајот на СЗО, употребата на електронски цигари е забранета во 32 земји, а 79 имаат усвоено барем една мерка што ја ограничува нивната употреба, на пример – забрана за рекламирање.
Во исто време, СЗО посочува дека дури 84 земји во светот немаат регулативи што би спречиле продажба на овие производи.
Во извештајот на СЗО се наведува дека пушењето убива осум милиони пушачи годишно, вклучително и еден милион пасивни пушачи.

AnimeTV: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 36.5 – Tales: Veldora's Journal 2 (Dub) anime episode Full online free at https://animetv.cc free anime tv shows online

Araiya-san!: Ore to Aitsu ga Onnayu de!? Episode 1

Website https://animekisa.in: Watch The Man From; The Arrival of the Monarch animekisa Episode 4 free anime

Watch Red Garden Episode 22

Degreed: https://degreed.com/profile/gogoanimebe#/collection

Blackhatworld: https://www.blackhatworld.com/members/animefreakws.1519902/#about