April 2, 2020 20:21
Свет

СЗО: Падот на бројот на нови случаи на коронавирусoт е охрабрувачки

Постојаниот пад на нови случаи на заболени од коронавирусот во Кина е охрабрувачки, соопшти Светската здравствена организација, но рано е да се знае дали овој тренд ќе продолжи.

„Ние сме охрабрени од овој тренд, но не е време за самозадоволство“, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адан Греберес, на брифинг во Женева, пренесе „Ројтерс“.

Тој, исто така, истакна дека бројот на случаи на коронавирусот во остатокот од светот е многу мал во споредба со Кина, но додаде дека состојбата може да се промени.