Нивото на ризик поврзано со варијантата Омикрон останува многу високо, соопшти СЗО, откако бројот на нови случаи на Ковид-19 достигна нов рекорд минатата недела.
– Глобално, има побавен пораст на бројот на заболени, соопшти СЗО.
Организацијата информира дека се регистрирани скоро 50.000 нови смртни случаи, слично како и претходната недела. Во извештајот се вели дека Омикрон продолжува да доминира.
– Тековната глобална епидемиологија на САРС-КоВ-2 се карактеризира со доминација на варијантата Омикрон ширум светот, континуиран пад на преваленцијата на варијантата Делта и многу ниско ниво на дистрибуција на Алфа, Бета и Гама соевите, соопшти СЗО.
Во земјите каде што имаше брз пораст на случаите на Омикрон во ноември и декември 2021 година, се забележува мало намалување на случаите. Сепак, „врз основа на моментално достапните докази, севкупниот здравствен ризик поврзан со варијантата Омикорн останува многу висок, нагласи СЗО.