January 28, 2022 05:54
Свет

СЗО новиот сој на коронавирусот откриен во Ј.Африка го именуваше „Омикрон“

Светската здравствена организација го означи новиот сој на коронавирусот откриен во Јужна Африка како загрижувачки и го именуваше „Омикрон“. Јужна Африка првпат го пријави постоењето на овој сој на 24 ноември. Досега познат како Б.1.1.529, тој во меѓувреме е откриен и во Белгија, Боцвана, Хонгконг и Израел.

-Раните докази сугерираат дека постои зголемен ризик од повторна зараза со оваа варијанта. Бројот на заразените со оваа варијанта се зголемува во Јужна Африка. Таа содржи голем број мутации, од кои некои се загрижувачки, соопшти СЗО.

СЗО наведуваат дека прелиминарните истражувања покажуваат дека сојот носи поголем ризик од реинфекција од другите соеви. Оттаму додаваат дека ќе бидат потребни недели за да се разберат вистинските ефекти на новата варијанта, додека научниците утврдуваат колку е пренослива. Велика Британија, Европска Унија, Швајцарија, Израел и Јапонија веќе објавија дека привремено ги прекинуваат авионските врски со Јужна Африка и неколку соседни земји.

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

My Hero Academia Season 3 (Dub)

4Anime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc Episode 5

4Anime Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

sites to watch anime 4Anime Hunter x Hunter (2011) (Dub)

4Anime To Your Eternity