June 13, 2021 12:11
Свет

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се влоши поради пандемијата на коронавирусот, предупреди денеска Светската здравствена организација

Резултатите од првото спроведено глобално истражување за смртноста објавени во списанието „Меѓународна околина“ покажуваат дека во 2016 година, околу 745.000 луѓе починале од мозочен удар или срцеви заболувања поради долгото работно време, речиси 30 проценти повеќе од 2000 година, пренесува „Ројтерс“.

„Работното време од 55 или повеќе часа неделно претставува сериозен ризик по здравјето. Ние имаме намера да го искористиме ова сознание за да поттикнеме акција и дополнително да ги заштитиме работниците“, рече Марија Неира, директорка на Одделот за животна средина, климатски промени и здравје.

Оваа студија, спроведена заедно од СЗО и Меѓународната организација на трудот во 194 земји, вели дека средовечните мажи сочинуваат 72 проценти од вкупниот број на жртви.

СЗО објави дека, во согласност со наодите од оваа студија, ќе се обиде да ги подобри своите работни прописи.

AnimeTV anime tv kissanime: Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 26

ANIMEFLIX animeflix sailor moon: Watch The Seven Deadly Sins Episode 23