January 29, 2022 00:34
Свет

СЗО: Европа е единствениот регион каде што расте бројот на новозаразени од октомври

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека минатата недела бројот на случаи на заразени со коронавирус се зголемил за 11 отсто во Европа, единствениот регион во светот каде што бројот на заразени продолжува да расте од средината на октомври.

СЗО во неделниот извештај за пандемијата објави дека бројот на нови случаи на инфекција и смртни случаи од последиците на коронавирусот ширум светот се зголемил за околу шест проценти.

Минатата недела беа пријавени 3,6 милиони нови инфекции и 51.000 смртни случаи.

Директорот на СЗО за Европа Ханс Клуге предупреди дека доколку не се преземат итни мерки наскоро, Европа би можела да забележи уште 700.000 смртни случаи до пролет.

– Европскиот регион останува во канџите на пандемијата на Ковид-19, рече Клуге.

Тој ги повика европските земји да ја забрзаат вакцинацијата и да преземат други мерки, како што се задолжително носење маски и физичка дистанца, за да се избегне употребата на последното средство – целосно затворање.

Тој додаде дека повеќе од милијарда дози вакцини се дистрибуирани низ европскиот регион на СЗО, кој се протега од Централна Азија, и оти стапката на вакцинација е меѓу 10 и 80 проценти.

На глобално ниво, според СЗО, бројот на новозаразени лица се намалил за 11 отсто во Југоисточна Азија минатата недела, а за девет отсто на Блискиот Исток.

Најголем пад на бројот на починати од коронавирусот, 30 отсто, минатата недела е забележан во Африка.

Во Северна и Јужна Америка бројот на заразени е стабилен, а бројот на починати е зголемен за 19 отсто.

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

watch subbed anime Komi Can’t Communicate

Attack on Titan Final Season (Dub)

Naruto: Shippuden (Dub) Episode 498

Naruto (Dub) Episode 219

4anime tv 4Anime Naruto: Shippuden