June 27, 2022 18:06
Свет

СЗО: Досега потврдени 80 случаи на мајмунска сипаница

Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека од вирусот на мајмунски сипаници, кој најпрвин беше регистриран во Англија, а потоа се прошири и во другите европски земји, досега се заразени 80 лица. Потврдени се околу 80 случаи на мајмунска сипаница, пријавени во СЗО од 12 земји, пренесуваат светските агенции.

Првпат регистриран во Англија на 7 мај, вирусот мајмунски сипаници се прошири во 12 земји во последните две недели.

Покрај Англија, земјите каде што се регистрирани случаи се Шпанија, Португалија, Германија, Белгија, Италија, Шведска, Канада, САД и Израел.

Мајмунските сипаници се „роднини“ на големите сипаници кои беа искоренети во 1979 година, се помалку преносливи и помалку смртоносни. Главната разлика помеѓу симптомите на голема сипаница и мајмунска сипаница е во тоа што мајмунските сипаници предизвикуваат отекување на лимфните јазли, а големите сипаници не.

Глодарите, вклучително и оние кои се чуваат како домашни миленици и мајмуни, можат да го носат вирусот и да го пренесат на луѓето, пишуваат медиумите.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести вели дека симптомите на мајмунска сипаница започнуваат со треска, главоболка, болки во мускулите и исцрпеност. По неколку дена, пациентите може да развијат осип кој поминува низ различни фази. Болеста обично трае од две до четири недели.

Вирусот, кој обично се пренесува од животно на човек, а ретко од човек на човек, може да предизвика висока температура и чешање со меурчиња на телото.

https://go88.gg/

https://sunwin.fan/