April 22, 2019 04:32
Магазин

Се што треба да знаете пред да купите леб

Веројатно знаете барем едно лице кое се откажало од јаглени хидрати за да ја изгуби телесната тежина. Но, вие не мора да кажете “не” на тостови и сендвичи за да видите како вашите бројки на вагата се движат во вистинската насока.

Во реалноста, ако се држите до цели житарици, лебот може да биде здрав дел од урамнотежена исхрана бидејќи има вредни хранливи состојки и може да содржи влакна што можат да бидат добри за вас.

Што е толку супер кај целите зрна? Целите зрна имаат повеќе здравствени придобивки: луѓето кои дневно консумираат најмалку три порции житарици од цели зрна имаат помал ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Што да барате?

Повеќето продавници за леб во супермаркетите се преполни со различни опции, па затоа е многу важно внимателно да го прочитате пакувањето. Најдобро место за почеток е листата на состојки, каде што основните состојки се наведени според количината од најмногу до најмалку. Всушност, најдобро е да земете леб со цели зрна. Понекогаш е тешко да се одреди, но во идеален случај барајте 16 грама цели зрна кај лебот.

Што да избегнувате? Кога ја читате етикета, избегнувајте леб направен од “бело брашно”, “збогатено бело брашно” или “пченично брашно”. Сите три термини укажуваат на тоа дека зрното е рафинирано, односно дека му се одземени хранливите материи.

Без да го прочитате пакувањето, тешко е сигурно да знаете точно што добивате со пекарскиот леб. Но, постојат неколку правила: Барајте леб од цела пченица. Прашајте дали можете да го фатите лебот пред да го купите и ако почувствувате дека лебот е како воздух, не го купувајте. Општо земено, колку е покрупен лебот, толку е поголема содржината на целото зрно.

Нови вести

Кралицата Елизабета го слави 93-от роденден

Filip

Чудо на уништениот покрив на Нотр Дам: Над 200.000 пчели ја преживеале стихијата

Igor

Адел се разведе по три години брак со бизнисменот Конецки

Igor