Веќе четири часа сме на терен заедно со зимската служба и по интензивна работа можам да кажам дека нема ниту едно населено место кое е отсечено од сообраќај, вели градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
-Во Црешево отворивме мобилен пункт на кој се донесени количини на сол. Заврши првата фаза од чистењето во која се опфатени главните улици во Железара, Автокоманда, Ченто, Сингелиќ, Стајковци, Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани, Раштак, Страчинци и Брњарци. Започнува втората фаза во која ќе се исчистат поголемите локални улици. Екипите на ЈКП Гази Баба ги исчистија автобуските постојки, влезот на поликлиниката во Ченто и рачно фрлаа сол кај поранешна Лондза и улица Фуштанска во Ченто, а ќе продолжат и на други локации во текот на целиот ден. Им благодарам на граѓаните за разбирањето, напиша Стефковски.