June 24, 2022 09:28
Свет

Се урна руски воен транспортен авион има најмалку четворица загинати

Воениот транспортен авион „Иљушин Ил-76“ утрово се урна во централниот руски град Рјазан, при што загинаа четири лица, а петмина се повредени, пренесуваат руските агенции.

Авионот, како што е наведено во извештаите на новинските агенции се урнал откако еден од неговите мотори одеднаш се запалил.

Според првите информации, четворица починале, а пет лица се хоспитализирани, изјавил за руската агенција извор од Министерството за вонредни ситуации.

-Во 03:18 часот по московско време на 24 јуни 2022 година, Министерството за вонредни ситуации, одделот во регионот Рјазан беше информирано за авионската несреќа во градот Рјазан, а на теренот не е забележана штета“, изјавил овој извор, пренесува ТАСС.

Според информациите на Министерството за одбрана, несреќата се случила кога авионот извршувал тренажен лет.

hướng dẫn tải go88 pay go88 giftcode go88

đại lý sunwin