December 10, 2022 06:44
Свет

Се урна воен хеликоптер во Пакистан, загинаа шест лица

Пакистански воен хеликоптер се урна во југозападниот дел на земјата, при што загинаа шест лица. Меѓу нив има и двајца полицајци.

За време на летачка мисија во близина на градот Харнаи во провинцијата Балучистан, хеликоптерот се урнал синоќа.

Засега не се познати причините за околностите на хеликоптерската несреќа,пренесуваат медиумите.