November 12, 2019 05:39
Хроника

Се судриле мотор и „вектра“, настрадал моторџијата и паркирано „рено“

На 07.11.2019 во 12.45 часот на улица „Благоја Стефковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „апачи“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(32) од Скопје и патничко возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од И.П.(31) од с.Вевчани, струшко, при што било оштетено и паркираното патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот по што бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Нови вести

Српските разузнавачи уапсија Mакедонец и двајца државјани на Србија заради кражба на документација за производство на муниција

Igor

Сведок за „Ласкарци”: Мислев дека сака да претекнува, но од прозорецот видов дека нема автомобил

Igor

Таксист тепал скопјанка

Igor