Македонија

Се сретнаа Пендаровски и Заев

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со премиерот Зоран Заев во вилата „Водно“. Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата премиерот Заев му упатил честитки за стапувањето на функцијата и му посакал успешна работа на претседателот Пендаровски.

„Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во државата и за идната соработка меѓу двете институции. Претседателот Пендаровски и премиерот Заев се заложија за конкретна и суштинска соработка меѓу претседателот и Владата со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели – членство во Европската Унија и НАТО.

Претседателот и премиерот ја нагласија потребата за усогласен и заеднички настап на меѓународен план и интензивирање на реформските процеси во државата со цел остварување на европските и евро-атлантските перспективи на Република Северна Македонија и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, се вели во соопштението.

Ова е прва средба на Заев и Пендаровски по неговата инаугурација за петти претседател на земјава. Заев не присуствуваше на инаугурацијата бидејќи користеше одмор. Тој преку видеопорака му порача на Пендаровски дека набргу ќе се видат и дека ќе го испијат првото кафе како премиер и претседател.

Нови вести

Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Filip

СДСМ: Заради справување со сиромаштијата што ја остави ВМРО-ДПМНЕ, Владата ја зголемува социјалната помош за 300 отсто

Filip

Спасовски: Никогаш да не заборавиме на бранителите-херои и на обврските кон нив

Filip