December 8, 2022 23:13
Македонија

Се спрема ли нов политички субјект? Данела, Стевчо, Максим и „Огнените“ од ДУИ во лов гласови од разочараните граѓани

Септември беше прилично интересен месец на политичката сцена.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ја прекина соработката со ВМРО-ДПМНЕ, при тоа употребувајќи остар и обвинувачки тон кон Христијан Мицкоски.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не соработуваат со Арсовска, но се лини дека градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски почна да ги затоплува односите со неа, откако претходно немаа добра соработка.

Во меѓувреме Максим Димитриевски почна турнеја низ државата со цел неговот движење „За наше Куманово“ да биде само локално туку да се префли и на национално ниво.

Последно, но и најинтересно се случувањата во ДУИ каде таканаречената огнена група предводена од пратеникот Изет Меџити, а каде се и градоначалниците Висар Гануи и Блерим Беџети, јавно искажа незадоволство и побара промени во партијата.

Токму двајцата скопски градоначалници градоначалници застанаа со поддршка на Арсовска, а огнената група доби двајца директори на скопски јавни претпријатија, по што се очекува петте советници на ДУИ во Градот да даваат поддршка на работата на Арсовска.

Сето тоа во јавноста ги подгрева сомневањата дека во периодот што следи може да се формира нов субјект на политичката сцена.

Се погласно се говори за средби помеѓу структури и соработници на Јакимовски, Арсовска и Димитриевски.

Ако на ова се додаде и соработката со Арсовска со незадоволното крило од ДУИ може да се претпостави дека ако сите субјекти се договорат, лесно може да формираат нов голем, мултиетнички политички блок.

Случувањата во ВМРО-ДПМНЕ; во владината коалиција и Град Скопје навестуваат дека ќе имаме навистина жешка политичка есен, дали навистина ќе се роди нов политички субјект или големите партии ќе ја изменаџираат и оваа ситуација, останува да се види.

Поврзани вести

Приватниците од утре ќе протестираат само пред бараките на Град Скопје на Илинденска

Igor

Инфлацијата во ноември 19,5 проценти, објави Државниот завод за статистика

Igor

(Видео) Во филмскиот грабеж во „Поинт ритејл парк“ ограбени банкомати на четири банки

Igor