Во недостатокот на естрадната работа и во немање на сценски настапи повеќе од 10 месеци, а се заради коронавирусот познатиот Панчо од дуото ДНК, односно Владимир Блажев, се покажа како снаодлив човек.
Не падна во тага и депресија, посакува само овој вирус што побргу да исчезне како знае и умее, а тој самиот покажува дека знае да се снајде и во другите работи кои немаат врска со музика. Неодамна успешно заврши курс за мајсторот на пици во една скопска пицерија, но тоа како да не му беше доволно. Сега ќе произведува и кравјо млеко. Со пица например, одлично се слага кравјиот јогурт.
– Не се срамам од ниту една работа бидејќи секоја моја работа е чесна. Да не се навраќам на она најтешко време во мојот живот кога денот го живуркав само со 100 денари.Затоа работам нешто друго и додека нема работа за нас музичарите. На моето Водно и ако е од кал поради дождовите кравата ја изнесов на пасење чиста трева…
Преземено од Вечер Прес