October 29, 2020 16:58
Македонија

Се санираат полските патишта во Кавадарци

Интензивно се работи на санација на полските патишта во Кавадарци, а активностите продолжија и викендов.

– Во текот на вчерашниот ден беше завршено санирањето на патишта во околината на селото Ваташа. Денескасе врши санација во околината на село Ресава. Во текот на утрешниот ден ќе се продолжи во околината на месноста Овчка Река, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Оттаму нагласија дека санирањето на полските патишта ја зголемува безбедноста, но и го олеснува движењето на земјоделците, како и сите други кои гравитираат во тие делови од општината.