August 20, 2019 01:15
Магазин

Се разделија Бредли Купер и Ирина Шајк

Холивудскиот актер Бредли Купер и моделката Ирина Шајк се разделија по четиригодишна врска, пишува рускиот магазин Gazeta.ru, повикувајќи се на таблоидот „МТО“. Тие наводно не се заедно од крајот на февруари. Ни Ирина ни Бредли засега не ја потврдија, ниту ја демантиpaа информацијата.

„Бредли отсекогаш сакал неговиот приватен живот да остане тajна, а Ирина верува дека треба да пратат соопштение за медиумите“, кажа близок пријател на двојката.

Озборувањата дека веќе не се заедно ги поттикна и тоа што Ирина се појави сама на „Мет гала“, иако Бредли требал да биде присутен.

Ирина и Бредли беа заедно четири години. На 21 март 2017 година двојката ја доби ќерката Леа де Сена Шајк Купер.

Нови вести

Хорор-филмовите предизвикуваат дебелеење

Filip

Драг квинсерки го зашаренија Лондон

zane

Брајан Остин Грин бил во врска со две колешки од серијата „Беверли Хилс”

zane