October 21, 2021 21:41
Македонија

Се разгледува можноста за снимање на редовните седници на Уставениот суд

Уставниот суд на Република Северна Македонија ќе ја разгледа можноста за снимање на своите редовни седници во целост, преку земање предвид на различни спроредбени искуства на уставните судови, најави денеска претседателката на овој суд Добрила Кацарска, на завршната конференција организирана од Институтот за човекови права (ИЧП), на тема „Уставниот суд – заштитник на владењето на правото”.

Наидовме, наведе таа, на решенија според кои има целосно ограничување на присуство на медиумите што не значи дека однапред ова е и став на судот за ограничено слично како што е и нашето искуство.  Ставот кој ќе се заземе по однос на ова пршање ќе биде комбинација од потребата од отвореност на судот, но и понудените споредбени решенија на другите уставни судови.

– Кога се зборува за вистинска реформа на работата на Судот тоа не може да се случи без да се интервенира во Деловникот, кој е уставно предвиден акт што уредува прашања што се најзначајни за неговото функцонирање, начинот на работа и постапката. Овој акт е донесен во 1992 година и е во сила и денес. Освен одредени измени и дополнувања во најголемиот дел од истиот текст кој се применува речиси 30 години што е еден подолг период во кој секако се воочени одредени проблеми по примената недоречености, но и недостатоци на она што секој пропис треба да го има да биде во чекор со времето, изјави Кацарска.

Зборувајќи за постапките што се водат пред Уставниот суд, Кацарска рече дека треба да се размисли за можноста подносителите на барања за слобода и права да може да бидат и правни лица што е во согласност со Европската конвенција, а од друга страна правните лица, како на пример здруженија на граѓани се резултат на здружување на повеќе физички лица преку кои може да се остваруваат некои од правата од член 110 алинеја 3 од Уставот.

– Сегашното решение каде за повреда на слободите и правата по основ на дејствие може да се бара заштита директно од Уставниот суд, значи можност паралелно да се водат постапки за ваква повреда кај други органи. На пример, да биде поднесена тужба за дискриминација пред редовните судови и да се случи да постојат две спротивни одлуки, во една да се констатира повреда, а во друга тоа да не е случај, кажа Кацарска.

Во нареднот период како што наведе Кацарска, Уставниот судот треба да посвети поголемо внимание на постапувањето по предметите во кои се бара заштита на слободите и правата.

Тоа,според Кацарска, не треба да биде само на судиско ниво, туку и на ниво на службата во делот на стручната обработка на предметите.

Воедно, таа истака дека и се јасни предизвиците, проблемите и прашањата кои треба да бидат разрешени во идниот период во институцијата на Уставниот суд на РСМ.

Претседателката на ИЧП, Маргарита Цаца Николовска, во изјава пред медиумите посочи дека во Уставот во делот за човекови права се манипулира со термин човек и граѓанин што упатува само на физичките лица да можат да аплицираат за во делот за заштита на човекови права и слободи, а во конвенцијата покрај физичките лица и правните лица.

– Од друга страна ние во Уставот имаме одредба во која што се вели дека Европската конвенција за човекови права е извор на право, а таа конвенција не можете да ја имплементирате без примена на праксата во Европскиот суд, што значи ова е нешто коешто треба и во Уставот и Деловникот да се интервенира, рече Цаца Николовска и додаде дека изземањето на судиите исто така е еден од проблемите.

– Ќе треба и тоа да се вметне во Деловникот и во исто време ќе треба малку повеќе да се елаборирааат прашањата коишто се законска материја, а не се деловничка или друг вид на материја, одделот на работењето на Уставниот суд, а тоа е надоместоците. Во тој дел утврдивме дека Уставниот суд сам си донел одлука за тие надоместоци. Сметаме дека, како што реков, тоа не е деловничка работа, а со оглед на тоа да постои закон за плати на јавни функционери меѓу кои се и уставните судии и оти фактички таа одредба во делот за надоместоците може да го покрие законско решение, а не деловничко разрешување на проблемот, изјави Цаца Николовска.

AniWatch: ID: INVADED anime episode 13 online free at https://aniwatch.pro aniwatch

Website https://animeheaven.pro: Watch Blue Drop animeheaven Episode 13 animeheaven attack on titan

Website https://animepahe.cc: Watch Whisper of the Heart animepahe Episode Full kissanime

Website https://animekisa.in: Watch Medaka Box Abnormal animekisa Episode 12 animekisa

Forum acronis: https://forum.acronis.com/user/358936

Mastodon: https://mastodon.top/@animefreakws