June 28, 2022 02:43
Свет

Се предале повеќе од 250 Украинци кои ја бранат фабриката за челик „Азовстал“

Потпретседателката на украинската влада Ирина Верешчук објави дека Украина работи на „понатамошни фази“ на евакуација на борците кои ја бранат фабриката за челик „Азовстал“ во јужниот град Мариупол. Во својата објава на Телеграм, Верешук не даде никакви дополнителни информации.

Повеќе од 50 ранети војници вчера беа пренесени од „Азовстал“ во градот Новоазовск, кој е под руска контрола, а повеќе од 210 други беа однесени во Оленивка, град во областа под контрола на проруските сепаратисти.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека повеќе од 250 украински борци од „Азовстал“ се предале.

„Во последните 24 часа, 265 милитанти го положија оружјето и се предадоа, вклучувајќи 51 тешко ранет“, соопшти Министерството.

Министерството за одбрана соопшти дека оние на кои им е потребна медицинска помош се испратени во болница во Новоазовск, град во источна Украина.

Украинската војска во вторникот соопшти дека работи на евакуација на сите преостанати војници од нивното последно упориште во опколеното пристаниште Мариупол, предавајќи ја контролата врз градот на Русија по неколкумесечно бомбардирање.

https://go88.gg/

sunwin phiên bản cũ sunwin pro đăng nhập sunwin bằng facebook