October 17, 2021 11:25
Македонија

Се полни болницата во Козле, за две недели 937 деца се заразиле со Ковид-19

Се повеќе деца заразени со ковид-19 се хоспитализираат во детската болница во Козле, а 5 од нив се на кислородна поддршка. Децата имаат ниска сатурација и сериозна клиничка слика, но нивната состојба според лекарите е стабилна. Според Институтот за јавно здраво, за само две недели, односно од 1 до 14 септември, позитивни на ковид-19 се 937 деца од 0 до 19 години, а дури 80 отсто од нив се ученици во средно или основно училиште.

Како што објави Сител, од 20 кои лежат во болничките соби дури 15 се школски деца. Освен наод на белите дробови пациентите имаат и висока температура и глад за воздух.

Педијатрите предупредуваат дека овој бран е многу посериозен од претходните и бројот на приеми и прегледи е зголемен со стартот на учебната година.

Лекарите стравуваат дека бројот на заразени ученици ќе се зголеми откако децата ќе бидат затворени во училниците за време на зимата.

Педијатрите велат дека секоја висока температура и кашлица не е ковид и родителите веднаш да не трчаат во Козле туку да побараат прво помош кај матичните.

„Имаме во чекалните и деца со температура кои не се позитивни и позитивни и доаѓа до мешање на инфекцијата па и тие што немаат можат да добијат. Затоа прво кај матичен и ако состојбата е сериозна болницата е 24 часа достапна за сите пациенти“, вели др. Поповска.

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

AnimeBee: Outbreak Company anime episode 12 online free at https://animebee.to anime online

Website https://animekisa.in: Watch Resident Evil: Infinite Darkness animekisa Episode 4 watch animes

Website https://kissanime.mx: Watch Sword Art Online: Alicization - War of Underworld Part 2 (Dub) kissanime Episode 11 kissanime haikyuu

Openstreetmap: https://www.openstreetmap.org/user/gogoanimelol

Scholar google: https://scholar.google.com/citations?hl=vi&user=rC2XXE4AAAAJ