October 26, 2021 20:57
Свет

Се повеќе нелегални имигранти пристигнуваат во Германија преку Полска

Постојано се зголемува бројката на илегални гранични премини меѓу германската федерална држава Бранденбург и Полска. Во првата половина на септември приведени се околу 400 странци кои се обиделе илегално да ја преминат границата.

ТВ каналот rbb24, повикувајќи се на прелиминарни податоци од германското Министерство за внатрешни работи, денеска соопшти дека во текот на август биле регистриран истиот број илегални обиди. Уште 125 илегални имигранти минатиот викенд влегле во областа Франкфурт-Одер, која сега се смета за центарот на илегалната имиграција во Германија преку Белорусија и Полска, се наведува во извештајот на германското МВР.

Телевизијата rbb24, в=цитирајќи ја полицијата, наведува дека околу 75 отсто од приведените илегални имигранти претходно пристигнале во Полска преку Белорусија или Литванија. Повеќето од нив се ирачки државјани.

Федералната полиција гледа „поврзаност меѓу ситуацијата на германско-полската граница, во покраината Бранденбург, и ситуацијата на полско-белоруската граница”.

Агенциите за спроведување на законот, исто така, „создаваат логистички резерви за да ги преземат неопходните мерки”. На пример, шатори и тоалети за пристигнатите бегалци веќе се поставени на територијата на Федералната полициска управа во Франкфурт на Одер.

Како одговор на построгите санкции од Западот, Александар Лукашенко во мај соопшти дека Минск повеќе нема да ги спречува бегалците да продолжат да им се придружуваат на земјите од ЕУ. Потоа, протокот на илегални мигранти нагло се зголеми, главно кон Литванија. По зајакнувањето на литванско-белоруската граница, протокот беше пренасочен кон Полска. Пред неколку дена, ескалацијата на белоруско-полската граница доведе до смрт на четири лица.

Германија уште во август пријави зголемување на илегалната миграција од Белорусија. Кон крајот на август, премиерите на Естонија, Летонија, Литванија и Полска ги повикаа ОН да преземат акција против белоруското раководство, кое ги охрабрува мигрантите илегално да ги преминат границите на Европската унија.

Протокот на илегални имигранти е „хибриден напад врз ЕУ, планиран и систематски организиран од режимот на Александар Лукашенко”, се наведе во заедничката изјава на премиерите.

Кон средината на септември, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, пред Европскиот парламент изјави дека ЕУ е подготвена да го издржи „хибридниот напад” за кој белоруските власти ги користат мигрантите.

-Режимот во Минск го користи човечкиот живот како алатка за да ги постигне своите цели. Ги ставија овие луѓе во авиони и буквално ги слетаа на границите на ЕУ. Ова не може да се толерира и брзата реакција од Европа го покажа тоа, рече таа.

Според шефот на Европската комисија, акциите на Минск се насочени кон дестабилизација на Европската унија.

Website https://4anime.biz: Watch Qiang Shen Ji 4anime Episode Full 4anime kakegurui

ANIMEFLIX Watch anime online, English anime online HD

AniWatch: Iya na Kao sare nagara Opantsu Misete Moraitai 2 anime episode 6 online free at https://aniwatch.pro anime websites

Watch anime online for free at GoGoAnime gogoanime

360cities: https://www.360cities.net/profile/kissanmiemx

Gogoanimelol bcz: https://gogoanimelol.bcz.com/