September 18, 2021 03:52
Економија Скопје

Се отвора подрачна единица за земјоделство во Долно Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, денеска извршија увид во Месната заедница „Долно Лисиче“ во Општина Аеродром, со цел да ги разгледаат можностите и капацитетите за отворање подрачна единица во Долно Лисиче, токму на оваа локација, како заеднички проект на Општина Аеродром и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Денеска заедно со министерот ги разгледавме можностите за отворање подрачна единица за земјоделство во Долно Лисиче, со цел да се подобри руралната егзистенција на граѓаните и руралните заедници со менаџирање на нивните социјални, економски и еколошки потреби“, изјави градоначалникот Марин.

Според податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, земјоделскиот сектор постојано расте, а бројот на регистрирани земјоделски стопанства е во нагорна линија, особено кај младите и кај жените земјоделци. Тие активно се вклучуваат како корисници на мерките и политиките на Министерството, креирани за да стимулираат и да поддржат идеи и проекти со развојна компонента што ќе влијае врз домашната економија.

„Ние како министерство постојано работиме на подобрување на условите на нашите подрачни единици, во насока на олеснет пристап до информации и услуги за земјоделците. Во Општина Аеродром досега немаше подрачна единица на Министерството, но во соработка со градоначалникот е обезбеден простор во рамките на Месната заедница „Долно Лисиче“, каде што наскоро ќе биде отворена за работа нова подрачна единица за потребите на Министерството. Со овој чекор ќе им овозможиме на земјоделците што гравитираат во овој реон полесен пристап до нашите услуги“, изјави министерот Хоџа.

Исто така, посетата на Долно Лисиче беше искористена за разгледување на можностите за руралниот развој, односно искористување на средствата од ИПАРД-фондовите. Притоа беше извршен увид на еден од веќе реализираните проекти, поточно езерото рибник „Јасика“ во Долно Лисиче. Министерот Хоџа изрази задоволство на потенцијалите што ги нуди просторот и даде поттик за зголемување на можностите за развој на земјоделството и руралниот туризам преку инвестиции во аквакултурата.

Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 10

AnimeFLV - Ver Anime, Ver Anime Online Sub Español en HD

Website https://aniwatch.pro: Watch Delinquent Detective aniwatch Episode 2 anime

Website https://animefreak.ws: Watch Trilogy about Cloud animefreak Episode Full vinland saga animefreak

Cults3d: https://cults3d.com/en/users/animefreakws

Plurk: https://www.plurk.com/gogoanimelol