August 18, 2019 21:51
Свет

Се отвора нов музеј посветен на Статуата на слободата

Во Њујорк денес се отвора новиот музеј во чест на Статуата на слободата, а првиот ден обиколката на културното здание ќе биде бесплатна за посетителите.

Музејот ќе претстави предмети, фотографии и филмови за познатиот американски симбол, кој го посетуваат 4,5 милиони туристи годишно.

По отворањето на музејот, ќе се одржи гала вечера за донаторите кои подарија околу 100 милиони долари за изградбата на музејот.

На вечерата ќе присуствуваат бројни познати личности меѓу кои ТВ-водителката Опра Винфри, поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, основачот на „Амазон“, Џеф Безос, и Челзи Клинтон, ќерката на поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Статуата на слободата, чие вистинско име е „Слободата што го осветлува светот”, е дело на францускиот скулптор Фредерик Огист Бартолди. Внатрешниот дел на Статуата е дело на инженерот Густав Ајфел, автор на познатата Ајфелова кула во Париз.

Франција им ја подари статуата на САД во 1886 година.

Нови вести

Голем пожар на Канарските острови, евакуирани над 4.000 лица

Igor

1,7 милиони луѓе на протест во Хонгконг

Igor

Гибралтар го отфрли барањето на САД за запленување на иранскиот танкер

Igor