September 20, 2021 22:15
Спорт

Се отвораат Игрите во Токио, Македонија ќе има осум претставници

На спектакуларен начин, со една година одложување и во услови на пандемија наметната ширум светот од коронавирусот,  денеска од 13 часот по македонско време ќе бидат отворени Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио и ќе траат до 8 август. Свечената церомонија ќе се случи на националниот стадион во Токио кој има капацитет од 80.000 гледачи, а на трибините ќе се најдат само околу 1.000 и тоа главно ВИП гости, додека сите други случувањата ќе ги проследат со посредство на тв-камерите. На Игрите кои веќе почна со натпреварувањата во фудбал, софтбол и веслање, ќе настапат 11.000 спортисти во 33 спорта и 50 дисциплини.

Најголемиот спортски настан во светот ЛОИ во Токио е првиот во историјата што ќе се одржи без публика поради коронавирусот кој го доведува во прашање здравјето на спортистите и сите љубители кои го сакаат и следат спортското натпреварување. Организаторот во пресрет почетокот на Игрите соопшти дека денеска биле откриени нови 19 случаи на заболени од коронавирусот со што вкупната бројка на инфицирани меѓу учесниците се зголеми на 106.

Македонија во Токио ќе ја претставуваат осум спортисти. Тоа се: Могамедгаджи Нуров (борење),  Дејан Георгиевски (теквондо), Филип Деркоски и Миа Блажевска-Еминова (пливање), Јован Стојоски (атлетика), Борјан Бранковски (стрелаштво), Јована Пулексенија (карате) и Арбреша Реџепи (џудо).

Македонското знаме на отворањето требаше да го носат Георгиевски и Реџепи, како дел од кампањата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) за родова рамноправност, но македонската џудистка е во изолација и нема да се појави денеска на свеченото дефиле.

Website https://animetv.cc: Watch Colorful The Motion Picture (Dub) animetv Episode Full free anime tv shows

Website https://gogoanime.be: Watch Shin Chuuka Ichiban! 2nd Season gogoanime Episode 12 detective conan gogoanime

Watch Maoyu ~ Archenemy & Hero Episode 12

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro

Xdqnam gov: http://xdqnam.gov.vn/Default.aspx?tabid=118&TLID=6526

Dpi hochiminhcity: http://www.dpi.hochiminhcity.gov.vn/Lists/GopY/DispForm.aspx?ID=3766