Се одложи рочиштето за случајот против Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата. Неговата одбрана се жали на доказите, за кои Рашковски вели дека се прибрани на незаконски начин. Тој тврди дека не стекнал средства на незаконски начин и дека се што поседува сега, поседувал и пред да биде генерален секретар.
„Не може обвинителството да има доказ од наводно мои пораки кои се напишани на ворд документ. Замислете испаѓа дека во една секунда се пратени 43 пораки. Не може да дава докази кои произлегуваат од незаконско начин прибирање докази. Не може да инпутира така. Ќе дојдете на судење, ќе има инетресно судење, во делот на комјутерска форензика, ќе видите како се прибрае докази. Некој без знаење чепкаал по приватни пораки. Не би сакал да навлегувам сето тоа е предмет на постапка но се нудат податоци кои се апсурдни. Пораките инаку се искуцани на компјутерот на обвинителката, рече Рашковски.
На прашањето од каде парите на децата, тој рече дека тоа се негови средства.
„Нити има хациенда нити ништо. Станува збор за купен плац, купен од мои средства, од кредит и тие средства потекнуваат од пред да станам генерален секретар. Плацот е купен со обезбедување мое од момент кога не сум бил функционнер. Кога станав функционер не влегов без средства. Не постои разлика во мојот имотен лист освен кај подароците на моите две деца прибрани од родендени, мекици. Децата имаат само заштеда од нивните роденднени, а се друго што поседуваат е мој имот. Се вулгализира целата работа, се сум имал и пред да станам генерален секеатар, рече тој.
Додаде дека на своте картички уплаќал пари кои му биле дадени од Владата, откако ќе потрешел свои паи за патувањата во странство за хотелите или за наточеното гориво.