November 18, 2019 23:44
Балкан

Се огласи Мицотакис по невремето во Грција: Нема да штедиме напори во решавање на проблемот

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјавил денеска дека Владата нема да штеди напори во решавање на проблемот кој настанал поради силната бура на северот од Грција, во која загинале 7, а повредени се десетици луѓе.

На Мицотакис му се придружил министерот за надворешни работи Никос Дендијас, кој изразил сочувство на семејствата на луѓето кои загинале во невремето.

„Сакам да изразам искрено сочувство за семејствата на жртвите на катастрофалната бура на Халкидики и да им посакам брзо закрепнување на оние кои се хоспитализирани. Нема да штедиме напори во решавање на проблемот“, напишал Мицотакис на Твитер.

Бројот на загинатите порасна на 7, а над 100 луѓе се повредени во невремето.

Министерството за надворешни работи соопштило дека е во контакт со сите амбасади чии државјани се погодени во оваа трагедија.

Нови вести

Хрватскиот државен врв на комеморација за жртвите во Вуковар

Filip

Драма во Белград: Маж се заклучил во станот, се заканува дека ќе пука

24news

Ѓуриќ: Курти е закана за стабилноста на регионот и Европа

Igor