January 29, 2022 08:07
Магазин

Се нуди еднодневен престој во куќата на Кевин

Ноќевање во куќата од филмот „Сам дома” во гратчето Винетка, близу Чикаго, Илиноис, САД, ќе им овозможи на четворица среќници, да ги доживеат своите омилени сцени од празничната класика од 1990 година за 2.500 долари, заедно со даноци и други давачки, преку „Ер-БНБ”.

Еднодневниот престој во филмската семејна куќа од „Сам дома” ќе биде достапен од вторник. Домот е уреден налик оној во филмот што го прослави ликот на Кевин Мекалистер во изведба на Меколи Калкин. Понудата, според „Глас Истре”, е еднократна.

Девин Ретреј, кој го глумеше постариот брат на Кевин – Баз, ќе ги поздрави гостите преку Зум.

„Сега можеби сме сите постари и помудри, но никогаш не сме премногу стари за празничните веселби”, вели Баз во своја објава. – „Значи, празниците оваа година поминете ги, не сами – во куќата на моите родители”.

Кога гостите ќе влезат низ вратата, ќе ги пречека црвен тепих и слика на Баз на ѕидот. Тие ќе уживаат во празничната атмосфера на дневната соба со елка и волнени чизми кои висат над каминот. Посетителите ќе спијат во собата на родителите на Кевин со постери насекаде, а ќе има и „татковски” лосион за после бричење, стар радиочасовник и огромен телевизор, исто така, од оние постарите. Има е и втора спална соба за деца.

Доживувањето вклучува и лименки, брза храна од 1990-тите – најдобрата пица во Чикаго и вечера со свеќи, со висококалорични макарони и сирење, како и средба со миленичето – тарантула на Баз, Аксл. Посетителите ќе можат да го гледаат и најновото, шесто продолжение на филмот – „Home Sweet Home Alone” во којшто Ретреј ја повторува својата улога.

Новиот филм, инаку, „Сам дома 6″ засега има доста ниска оценка на ИМДБ – 3,5 / 10. На „Ротен томатос” рангот е 12 отсто, што е, исто така, ниска оценка.

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

My Hero Academia Season 3 (Dub)

4Anime Death Note (Dub) Episode 29

4Anime Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

anime online Attack on Titan Season 2 (Dub)

stream anime online Attack on Titan