August 10, 2020 20:54
Македонија

Се намалува бројот на активни случаи од Ковид-19 во Малешевијата

Во Берово денеска е регистриран еден оздравен пациент од Ковид-19, со што бројката на активни случаи на коронавирус во оваа општина е минимален. Лице на подоцнежна возраст, како што информираа надлежните од Здравствениот  дом во Берово, е единствениот заболен од Ковид-19 во оваа Малешевска општина.

– Имајки ги предвид годините пациентот добро се држи и засега прогнозите за неговото здравје се добри. Радува тоа што довчерашниот втор активен пациент е оздравен, со што стапката на случаи се намалува. Да се надеваме дека нема да имаме нови пациенти со позитивни наоди на болеста, истакнаа од Здравствен дом Берово.

Во моментот освен во Берово, во соседната малешевска општина Пехчево нема активни пациенти на вирусот.

Во соседните општини, исто така веќе неколку дена состојбата со вирусот е стабилна. Во Делчево веќе подолг период позитивни на коронавирус не се регистрирани, додека во Македонска Каменица се уште активни се четирите пациенти, кои добија позитивен наод на Ковид-19 во последната недела од јули 2020 година.