December 9, 2019 04:10
Хроника

Се истражуваат причините за пожарот во комуналното претпријатие во Кочани 

Увидни екипи на Министерството за внатрешни работи од Штип и Скопје од изутринава прават увид и ги истражуваат причините за пожарот што синоќа избувна во стопанскиот двор на комуналното претпијатие „Водовод” во Кочани.

Огнот зафатил трактор, возило за собирање комунален отпад, камион и дигалка „ивеко”, од кои едно е целосно опожарено и нефункционално.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица во Кочани, станува збор за поголема интервенција во која поради запалување на резервоарот на едно од возилата дошло и до експлоазија. Единицата интервенирала брзо со две противпожарни возила, по што за кратко пожарот бил ставен под контрола.

– Благодарение на брзата и присебна интервенција, пожарникарите спречија несреќа од многу поголеми размери и последици. Ќе почекаме да се утврдат причините за пожарот, но ова е уште една потврда за ризикот што го носат старите комунални возила со кои работи „Водовод”, поради што ќе продолжиме со поинтензивно обновување на возниот парк, изјави градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Пожарот бил забележан синоќа околу 19 часот од страна на дежурните работници, кои спречиле огнот да се прошири и на други возила во кругот на комуналното претпријатие.

Нови вести

Пукано во полициски службеник во Скопје

zane

Ограбен таксист во Шуто Оризари

zane

Тројца повредени во сообраќајна несреќа во Скопје

zane