March 9, 2021 10:09
Македонија

Се интензивираат преговорите со Бугарија,  деновиве размена на предлози за Акцискиот план

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија се договорија претстојниве денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 страна со цел да се најде начин да се зајакне неговата имплементација и ефикасност. Со тоа од МНР очекуваат да се врати довербата во Договор и во процесот на дијалог меѓу двете земји за отстранување на разликите и најавуваат дека специјалниот претставник Владо Бучковски често ќе патува за Бугарија со цел следење на Акцискиот план и поттикнување на соработката на сите нивоа.

Од МНР потсетуваат дека низ текот на редовната комуникација меѓу двете страни има континуирана размена на мислења и на идеи, а двете страни често споделуваат свои предлози и видувања во кои ги посочуваат и објаснуваат нивните позиции.

– Последен од низата е Акцискиот план за спроведување на обврските од Договорот за пријателство од 2017 страна, кој е предлог од наша страна, a за кој очекуваме овие денови да добиеме одговор и/или предлог забелешки и предлози од страна на Република Бугарија, посочија вчера од МНР.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера порача дека не можеме да ги гледаме соседите со истите очила од минатото и додаде дека единственото решение и формула за Бугарија е да се вратиме на начелото на Договорот, но и да се најдат механизми како да се направи побрз, подинамичен за да се создадат резултати.

Во интервју за Радио Слободна Европа тој наведе дека сега кога влегуваме во друг сојуз со други држави и во НАТО и во ЕУ, со Бугарија, со Грција, со Албанија, не може со истите очила да го гледате светот.

– За мене проблемот е тоа што е дефинирано во Договорот за добрососедство. Секое излегување од договорот го прави проблемот конфузен, неразбирлив и од тука и констатацијата на премиерот, очигледно чувството е дека се излегува од потпишаната рамка и тоа создава конфузија бидејќи не е во рамката. Само рамката го објаснува погледот и затоа сметам дека единствено решение, единствена формула е да се вратиме на начелото на договорот, но да најдеме механизми како да го направиме побрз, подинамичен за да создаде резултат, рече Османи.

Според него, спорни се разликите во очекувањата за брзината на имплементацијата, за динамиката, за целта на имплементацијата на Договорот.

– И мислам дека тука договорот можеби не ги има прецизно дефинирано, бидејќи договорот не предвидува временска динамика, ниту договорот предвидува одредени бенчмаркови кои треба да се реализираат во одреден период. Тука е оставено на добра волја на двете држави да ги надминат разликите и да најдат заеднички точки како заедно во еден нов сојуз, како што се НАТО и ЕУ. Е тука во овие непрецизно дефинирани прашања секој има различни очекувања и тие очекувања очигледно кај луѓето, кај државите создаваат немир и анксиозност, бидејќи секој сака да има предвидливост во процесот, вели Османи.

Кога нема предвидливост, потенцира тој, тогаш секој излегува со своја агенда, тогаш и предизборниот период ги влошува тие состојби и затоа сметам дека се враќаме на договорот, создаваме предвидливост во имплементацијата и тука мислам дека ќе се расчистат дилемите по однос на тоа кој, што очекува.

Османи истакна дека е погрешно доколку која било од државите се обидува да земе само делови од договорот или од договорите, тоа што им одговара и додаде дека мора да се почитуваат договорите такви какви што сè.

– Целта на Комисијата е да ги разреши историските дилеми во контекст на образованието, во контекст на надминување на стереотипите на Балканот во учебниците кои што ги гледаат народите како пријателски настроени и така ги учиме децата дека тука народите се непријатели и така тие треба после да го градат својот поглед кон соседот, но не историјата како прашање на идентитетот на народите, бидејќи прашањето на идентитетот произлегува од правото на самоопределување на државите и не е прашање на спор и мислам дека тука е клучната разлика. Тоа разграничување ќе се прави и мислам дека тогаш луѓето полесно ќе гледаат и на Комисијата и овде кај нас, помалку емоционално ќе ја сфатат улогата на комисијата. А јас мислам дека тоа е проблемот – емоциите. Каде што има емоции, нема рационалност. Нам сега ни е потребен рационален пристап, раздвојување на историјата како образовно прашање, версус историјата како идентитетски спор, посочи Османи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,пак, Христијан Мицкоски вчера порача дека министер од бугарската Влада потврдил оти постои Анекс од 12 точки  на Договорот, кој според неговите информации е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.

– Пред три месеци, во “Само интервју” на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини, посочи Мицкоски.

Со тврдење дека Владата преговара за македонскиот јазик и идентитет далеку од очите на јавноста вчера излезе и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски.

– Срамота е за македонскиот идентитет, јазик и историја да се дискутира на телевизиски емисии во Софија, без никој да не знае што е на маса. Срамота е во исто време Димитров да ги убедува Македонците дека треба да одморат од спорот со Бугарија, додека Бучковски се подготвува за нова средба и дискусии, рече тој и додаде дека јавноста заслужува да знае се.

The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 25 at website https://animefreak.ws kiss x sis animefreak

Fairy Tail (Dub) (https://animeheaven.pro/m/AWKr) Episode 175 at website https://animeheaven.pro. See more anime heaven site