January 28, 2022 23:30
Македонија

С’е за што генерации Македонци се бореа, Заев успеа да го погази, вклучително и делата на Трајковски и Глигоров

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение до јавноста реагира на прес конференцијата на Костадин Костадинов.

„Костадин Костадинов и СДСМ очигледно се многу очајни во обидите да ги покријат криминалните и коруптивните скандали во кои тонат од ден во ден. Затоа пресовите мораат да ги полнат со очај, немоќ, лаги и конструкции.

Граѓаните јасно го гледаат политичкото силување на правната држава кое и го прават Заев и екипата околу него. Граѓаните видоа и слушнаа за куферите полни со пари од аферата „Рекет“, а одговорност од ликовите Кики, Фрики, Шеки и слични се уште нема. Граѓаните прочитаа дека Зоран Заев бил во контакт со рекетарската група која милиони евра зела од бизнисмени, а за кои се уште не им се знае трагот во чиј џеб завршиле. Граѓаните видоа дека секој кој на оваа власт и опонира е предмет на политички монтиран судски процес.

Впрочем заради ваквата поврзаност на подземјето со владата, Заев се повеќе ја губи поддршката и затоа нервозата во СДСМ пропорционално расте. Со право и членовите на СДСМ кои искрено си ја сакаат Македонија отворено не се согласуваат со погубната и криминална политика на врхушката во нивната партија. С’е за што генерации Македонци се бореа наназад, Заев успеа да го погази, вклучително и делата на Трајковски и Глигоров кои сега Костадинов лицемерно ги користи за да ја манипулира јавноста. Но народот ве прочита и чека прилика на избори да ве казни. Колку порано, толку подобро за Македонија.“

https://animedao1.com/. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Attack on Titan

animedao BANANA FISH

english anime The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants

anime streaming Dragon Ball Super (Dub)

watch anime Attack on Titan Season 2 (Dub)