April 14, 2021 12:51
Македонија

Се зарази спасувајќи животи, но ја загуби битката: Почина возачот на Брза помош од Прилеп

Возачот во прилепската Брза помош, Гоце Илиески (42) за кого Македонија собираше донации за лекување, ја загуби биитката со коронавирусот.

И покрај желбата на целата нација Илиески повторно да застане на нозе и да спасува животи, денеска засекогаш не’ напушти. Беше посветен сопруг и татко на две малолетни деца.

Со Ковид- 19 се зарази на работното место, спасувајќи животи.

Од Ковид почина мајка му и други роднини.

Во тешка состојба беше хоспитализиран на една од приватните клиники, а по апелот на социјалните мрежи, масовно се собираа средства за негово лекување.