November 29, 2022 05:21
Свет

Се запали хотел во Москва, евакуирани 300 луѓе

Пожар проголта хотел во северозападниот дел на Москва.

Пожарот е изгаснат без жртви, соопштија од Главната управа на Министерството за вонредни ситуации за Москва.

„Во 19 часот и 56 минути е изгаснат пожарот на површина од 15 метри квадратни“, се вели во соопштението на ТАСС.

Вкупно 300 луѓе беа евакуирани.

Пожарот најверојатно бил предизвикан од краток спој.