October 21, 2020 07:22
Балкан

Се заострува реторката меѓу Мета и Рама

Продолжува преписката преку социјалните мрежи меѓу албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама, кои се карактерзираат со обвинувања,предупредувања, а попладнево и со мајтапење од страна на Рама.

Претседателот Мета му порача на Рама дека нема да го потпише изменетиот Изборен законик, што беше изгласан без постигнат консензус и оти ќе го врати во Собранието на повторно разгледување.

-Мора да го испочитува договореното од 5 јуни, во спротивно ќе се соочи со претседателот и три милиони албански граѓани, се закани Мета.

Рама му возврати дека доколку Мета „делува на ваков начин тогаш неговото барање ќе биде одбиено”.

-Претседателот добро би било да го потпише или да го врати законот што побрзо, за да можеме да го спроведеме. Немаме време за губиње, му порача Рама.

Доколку Мета го врати законот, ако парламентот повторно го изгласа, тој стапува во сила без потпис на шефот на државата.

Во последната објава на Рама, доцна попладнево, тој со иронија се обраќа кон претседателот во врска со одликувањата што тој ги доделува на познати личности од историјата, уметноста, спортот „Мета го одликува Мета”.

На Инстаграм објави фотографија на која е претседателот Мета како си доделува орден.

-Комплименти за авторот кој и да е, пишува Рама, придружено со смеа.