Спорт

Се е подготвено за жрепката в сабота за СП во кошарка во Кина

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) потврди дека жрепката за Светското првенство во Кина ќе се одржи во сала во Шенжен.

Жрепката е закажана за сабота, 16 март, од 11.45 часот по средноевропско време, пред 8.000 гледачи во Арената Шенжен Беј, со посебно учество на кошаркарски и музички ѕвезди.

-Среќни сме што можеме да и понудиме на публиката во салата, како и оние кои ќе гледаат преку официјалниот Јутјуб канал, повеќе од жрепка со ѕвездите на вечерта, како што се Коби Брајант, Јао Минг и Џејсон Деруло, рече првиот човек на ФИБА, Орасио Mураторе.

На Светското првенство ќе се натпреваруваат 32 национални тима.

Нови вести

На традиционалниот куп во борење „Голо Брдо 2019 година” учесници и од Џепиште

Valentina

Хамилтон: На пилотите во Формула 1 не им се неопходни физички предиспозиции и тоа не е добро

Igor

Торонто по две продолженија го победи Милвоки

Igor