July 17, 2019 13:12
Економија

Се воведуваат е-плановите и е-желбите ѕа потранспарентни јавни набавки

Плановите за јавни набавки на институциите од годинава ќе се објавуваат на електронскиот систем за јавни набавки. Исто така, ќе можат да се поднесуваат и електронски жалби. Со овие новини на системот, кои се предвидени со новиот Закон за јавни набавки, ќе се зголеми транспарентноста и ќе се поедностават постапките за јавни набавки.

Ова беше истакнато на средбата на министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Бирото за јавни набавки Бардул Насуфи, при работна посета на министерот на Бирото.

Како што беше истакнато на средбата, главен фокус годинава ќе биде ставен на новите функционалности на електронскиот систем за јавни набавки според новиот закон. Дел од тоа се и новите модули е-планови и е-жалба. Исто така, ќе се воведе и електронско архива на постапките со што ќе се обезбеди чување на податоците во системот во изворна електронска форма.

Помеѓу останатите надградби и подобрувања, на понудувачите во жалбениот период ќе им се овозможи увид во целокупната документација од постапката на која учествувале. Со тоа во голема мера ќе се зголеми довербата во жалбениот процес.

Инаку минатата година беше изработен нов Закон за јавни набавки, кој значително го подобрува системот за јавни набавки во земјава и го усогласува со европските директиви. Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на повеќе наврати, законот ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки. Законот предвидува воведување на економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите. Ова ќе ги отклони негативностите кои произлегуваа од критериумот најниска цена, како послаб квалитет или трошоци за поправки кои ја чинат државата многу повеќе.

Новиот закон содржи и решенија кои ќе ги заштитат правата на работниците кои учествуваат во извршувањето на договорите за јавна набавка, како и подизведувачите. Исто така, се воведуваат одредби кои се однесуваат на вклучување на социјални аспекти во постапките за јавни набавки, односно  резервирани договори со цел поттикнување на инклузивен раст и вработување социјално загрозени групи.

Законот е во собраниска процедура и се очекува да се отпочне со негова примена од април месец оваа година.

Нови вести

СТО: Фокусирајте се на реформите на пазарот на трудот и администрацијата

Daniela

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан беше во посета на компанијата САРА-КОЛАНТ

Valentina

Сугарески: Динамизирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Daniela