Македонија

Сечата на дрвја во центарот на Охрид ги собра граѓаните пред општинската зграда

Седумдесет и две дрва, повеќето стари и по 80 години, се сечат за да се реконструира улицата „Македонски просветители“ во центарот на Охрид. Екологисти и граѓански активисти изреволтирани денеска излегоа на протест пред општинската зграда со цел како што велат да го освестат градоначалникот да ја запре штетата која се предизвикува со масакрот на дрвјата во центарот на Охрид. Станува збор за дрворед од липи и костени.

Екологисти и граѓански активисти  бараат под итно да престане сечата на дрвата и да се најде стручно лице од Шумарски факултет за да се утврди кои дрва се навистина болни и може да се третираат и да останат, а кои дрва треба да се исечат.

Од општина Охрид велат дека согласно Законот за урбано зеленило, градоначалникот пред три дена донел решение за сечење на 49 липи и 13 костени. Според општината, станувало збор за болни дрва со надмината физиолошка и биолошка возраст. Овде се наоѓале и 10 млади стебла од јавор кои ќе бидат пресадени на друга локација, а по завршување на градежните активности, ќе бил засаден нов дрворед.

Граѓанските активисти го потсетуваат градоначалникот Пецаков на ветувањето од предизборната програма дека за секое исечено дрво ќе се посадат пет нови. Според ова, на улицата „Македонски просветители“ би требале да се посадат нови 360 садници !

watch anime. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

ANIMEFLIX Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 8

That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 23

online anime ANIMEFLIX Dragon Ball Super (Dub)

ANIMEFLIX DARLING in the FRANXX Episode 23

animeflix Horimiya