December 9, 2022 23:20
Свет

Сеул тврди дека Северна Кореја извршила уште две проби на балистички ракети со краток дострел

Северна Кореја денеска истрела уште две ракети со краток дострел во насока кон Јапонија, откако американскиот носач на авиони се врати во регионот, а Советот за безбедност на ОН почна да расправа за мерките во врска со најновите ракетни тестови на Пјонгјанг.

Изминатите 12 дена севернокорејската армија изврши шест ракетни тестирања, при што една ракета го надлета јапонското копне пред да падне во Тихиот Океан.

Дебатите во Советот за безбедност завршија без договор за дополнителни мерки против Пјонгјанг, поради кршењето низа резолуции на ОН. Постојаните членки на Советот Русија и Кина рекоа дека заедничките вежби на САД и Јужна Кореја во регионот ги испровоцирале акциите на Северна Кореја.