October 31, 2020 14:54
Спорт

Сетиен ќе ја тужи Барса за 4 милиони евра

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен подготвува тужба против каталонскиот клуб, пишува „АС”.

Стручњакот од Кантабриа инсистира на неговата плата од сезоната 2020/21, што е бруто сума од 4 милиони евра. Адвокатите на Сетиен ќе објават соопштение до медиумите во наредните часови.

Проблемите помеѓу „Лос Кулес” и поранешниот тренер нема да го спречат Роналд Куман да ја предводи Барселона на првиот официјален натпревар во сезоната.