September 29, 2020 08:20
Спорт

Сетиен доби експресен отказ по дебаклот на Каталонците

Кике Сетиен не е повеќе тренер на Барселона откако добил експресен отказ по поразот од 8:2 во четврфиналето на ЛШ против Баерн,  пишуваат угледни шпански медиуми. Клубот утре ќе објави детали и драстични мерки за дебаклот. Не е исклучено институционалната криза да донесе оставка и на претседателот Хозе Марија Бартомеу.

Искусниот стручњак, кој на почетокот од годината го наследи Ернесто Валверде по натпреварот изјави дека не мисли да се поднесе оставка по срамниот пораз.

-Ова е навистина болен пораз, примивме многу голови. Добар дел од коментарите на Жерард Пике се на место. Треба да извлечеме заклучоци и да донесеме одлуки. Знам дека многумина сметата дека треба да си одам, но тоа не зависи од мене. Треба да се направи добра анализа, и клубот да донесе одлука. Овој понижувачки пораз прави штета и сигурно ќе има промени, но прерано е да се каже дали ќе продолжам или не, вели Сетиен.