Спорт

Сетиен: Би било прекрасно да го тренирам Нејмар

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен, не ја крие желбата да работи со напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар. Бразилецот е поврзуван со каталонскиот клуб и оваа година.

– Би било убаво да се тренира Нејмар еден ден. На мое задоволство, успеав да исполнам еден од моите соништа и да го тренирам најдобриот фудбалер на светот – Лео. Ќе видиме што иднината ќе понуди, но сигурно би бил задоволен да го тренирам Нејмар, сподели менторот во интервју за конференција за „Беин Спортс”

Тој вели дека е многу задоволен од состојбата на играчите од првиот ден на процесот на тренинг, како и од нивната желба да работат.

– Ла Лига е шампионат кој бара упорност. Додека не заврши, не можеме да кажеме кој ќе биде шампион. Точно е дека имаме водство од два бода, но јас повеќе би сакал Ла Лига да заврши, рече стратегот.

Сетиен ги коментираше зборовите на Лионел Меси дека „со таква игра Барса не може да ја освои Лигата на шампионите”.

– Оваа тема предизвика дискусии. Обајцата знаеме што сакавме да кажеме. Вистината е дека двајцата сме убедени дека сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите и знаеме дека можеме. Точно е дека секогаш има нешто да се подобри, но и двајцата сме убедени дека тимот има потенцијал да го освои трофејот, рече тој.

Сетиен беше запрашан за трансфер гласините поврзани со Нелсон Семедо, Артур и Иван Ракитиќ.

– Немам што да кажам за иднината на играчите. Фокусиран сум на тоа што претстои. Ми требаат сите затоа што не знам какви околности ќе нè пресретнат. Се потпирам на сите и очекувам сите да бидат на највисоко ниво за преостанатите натпревари. Што се однесува до Ракитиќ – сè додека е играч на Барса, ќе сметам на него, посочи тој.

Тренерот кажа и неколку зборови за Лаутаро Мартинез.

– Сите знаеме дека има четири или пет играчи на оваа позиција кои се исклучителни. Секој има квалитети да игра во Барселона. Во однос на овој играч – тој може да игра во овој тим, како и други кои се на негово ниво, заврши Сетиен.