January 22, 2020 22:17
Спорт

Серија лоши вести за Реал Мадрид

– Еден Азар има повреда која е потешка отколку што се мислеше, па белгискиот фудбалер ќе паузира четири до шест недели, што значи дека ќе го пропушти гостувањето на Реал Мадрид кај Барселона на 18 декември.

Но, отсуството на Азар не е единствениот проблем за тренерот Зинедин Зидан. Наредните неколку мечеви ќе ги пропуштат и Марсело и Бејл. Тие не се дефинитивно отпишани за гостувањето кај Барса, но не е ниту сигурно оти ќе може да играат.

В сабота, Реал игра дома со Еспањол, а дилемата е дали да игра и Касемиро, кој е на еден жолт картон од суспензија. Ако Касемиро кој е клучен во средниот ред, добие картон, нема да може да игра на гостувањето кај Валенсија. Но, ако игра во Валенсија, ризикува таму да добие жолт, па да не игра против Барселона. 

Нови вести

Познати се сите полуфиналисти на ЕП во ракомет

Filip

Агентот на Бејл: Зошто еден од најдобрите играчи во светот би се согласил на изнајмување?

Filip

Ќе му плаќам на Кими да не си замине, се шегува Хамилтон

Filip