October 27, 2020 10:35
Спорт

Серена се повлече од турнирот во Рим

Поранешната светска тенисерка број еден Серена Вилијамс ќе го пропушти турнирот од Премиер серијата во Рим следната недела. Причината за откажувањето на учеството на Американката е повреда на Ахиловата тетива.

Серена има четири пати освоено трофеј во италијанската престолнина.

Оваа недела Вилијамс, загуби од Викторија Азаренка во полуфиналето на УС Опен.