July 20, 2019 18:40
Македонија

Сервер: Одлуката на Собранието витален и важен чекор на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО

Усвојувањето на уставните измени во македонското Собрание е витален и важен чекор кон членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Браво!, изјави за МИА Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот.

– Немам што повеќе да кажам, освен дека товарот на одговорноста сега е на Атина, која се надевам ќе го направи вистинскиот чекор, рече Сервер за МИА.

Македонското Собрание вчера со двотретинско мнозинство од 81 пратеник ги усвои уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа за решавање на спорот за името. Македонската страна ја исполни својата обврска од договореното, а сега на потег е грчкиот Парламент да го ратификува Договорот, со што ќе се отвори патот за интегрирање на земјава во ЕУ и НАТО.

Нови вести

(Видео) КОД: Катица на спикерфон додека Боки 13 барал рекет

Daniela

Дескоска: „Рекет” само го збрза интегрирањето на СЈО и Јавното обвинителство

Daniela

Пуштен во функција привремениот граничен премин Стрезимир-Рестелица

Valentina