Спорт

Семејството на Ѓоковиќ: Новак е голем човек и шампион, оваа ситуација ќе го направи посилен

Нoвак Ѓоковиќ го напушти Мелбурн и замина за Дубаи по одлуката на австралиските власти да му ја укинат визата и учеството на Австралија опен каде требаше да ја брани титулата. Затоа, семејството на најдобриот тенисер во светот излезе со официјално соопштение кое го пренесуваме во целост.

„Многу сме разочарани од одлуката на Федералниот суд и фактот дека Новак мора да ја напушти Австралија. Овде не стануваше збор само за спортот и играњето на првиот Гренд слем сезонава, на кој Новак доминира цела деценија, туку и за политика и интереси кои во овој случај надвладеаја.

И покрај скандалозното однесување кон Новак, верувавме дека спортот ќе победи. Верувавме дека ќе се почитува фактот што го потврди судот – дека Новак ја има вистинската виза, дека правдата ќе биде задоволена и дека никакви ‘јавни интереси’ нема да бидат изговор за одлуката која е донесена.

Ова се тешки моменти, особено за Новак, но она што треба да го направиме сите, пред сè ние, како негово семејство, е да го поддржиме повеќе од кога било досега. Ќе бидеме тука да ги споделиме ударите што ги доби, да му помогнеме да си ја врати енергијата, вербата во овој спорт, пред сè во фер-плејот, кој овде целосно отсуствуваше.

Горди сме на него и на силата што ја покажа во борбата што достојно ја водеше. Веруваме дека од оваа ситуација ќе излезе посилен и дека времето ќе го покаже она што досега секогаш несомнено го потврдувал, а тоа е дека е голем шампион и човек“, се вели во соопштението.

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

My Hero Academia Season 4 Episode 19

Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 10

aniwatcher Death Note

AniWatch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 12

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc