April 24, 2019 22:24
Свет

Семејства и војници од ИСИС бегаат од Сирија

Припадници на терористичката организација Исламска држава пребегуваат од последната територија која е под контрола на ИСИС во Сирија, јавува Би-би-си.

Мажи, жени, деца, многу од нив со сериозни повреди, без храна, сè побргу ја напуштаат енклавата.

Припадниците на ИСИС се предават во селото Багуз, каде што се наоѓаат базите на Сириските вооружени демократски сили (СДФ), кои се борат во коалиција со армијата на САД.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата соопшти дека територијата окупирана од страна на Исламската држава во Сирија ќе биде ослободена 100 отсто до наредната недела.

Командантите на СДФ преговараат за можен договор со кој ќе бидат ослободени неколку членови од СДФ, кои ИСИС ги држи заробени во Идлиб, северозападна Сирија, предел што не е под контрола на сириската влада.

Според информации од локални извори, повеќето од тие што избегале се жените и децата на борците на ИСИС.

Голем број иселени Сиријци веќе се враќаат во своите домови во областите што СДФ ги ослободи минатиот месец, иако голем дел од градовите се уништени од војната.

Нови вести

(Видео) Руски „шегобијци” му се јавиле на Макрон, претставувајќи се како Зеленски

Igor

Непознати мажи отворија оган врз кафуле во северниот дел на Франција

Igor

Шарец: Ако се распадне ЕУ, сите ќе пропаднеме

Igor