Магазин

Селена Гомез вели дека социјалните мрежи имаат ужасни ефекти врз младите

Пејачката и актерка Селена Гомез вели дека социјалните мрежи имаат лоши ефекти врз нејзината генерација и таа ги повикува сите корисници самите да си постават граници во однос на нивната активност на интернет.

„Сметам дека светот во моментов се соочува со многу нешта. Но за мојата генерација, социјалните мрежи имаат ужасни ефекти“, изјави 26-годишната ѕвезда за време на промоцијата на нејзиниот нов филм The Dead Don’t Die („Мртвите не умираат“) на Канскиот филмски фестивал.

Таа тврди дека голем дел од младите не се свесни за значението на проблемите кои се прикажуваат на вестите.

„Платформите се многу корисни, но ме плаши кога гледам дека млади момци и девојки не се свесни што се случува и прикажува на вестите“, додава Гомез.

„Себично е. Не сакам да кажам себично, ќе биде грубо од моја страна, но опасно е“.

Селена Гомез има 150 милиони следбеници на „Инстаграм“ и е на второто место според бројот на следбеници. Таа неколку пати правеше подолги паузи од социјалните мрежи.

Нови вести

Актерот Џефри Раш доби повеќе од 2 милијарди долари отштета за клевета

Igor

„Спејс Икс” во еден ден лансираше 60 сателити

Igor

Фејсбук избриша дури 2,2 милијарди лажни профили

Igor